Сноуден направи апликација што ќе ви го чува домот

Во 2013 година Едвард Сноуден, поранешен вработен во американската Агенција за национална безбедност, објави информации за програмите за шпионирање на граѓаните од страна на оваа агенција. Сега тој има ново работно место – програмер.

Тој во петокот преку видеопорака објави апликација за телефон која има за цел да ги заштити лаптопите од неовластено чепкање. Апликацијата се вика Haven. Сноуден ја разви апликацијата во соработка со Freedom of Press Foundation и Guardian Project.

 

На социјалните мрежи, апликацијата доби мешани реакции. Некои ги поздравуваат безбедносните можности на апликацијата, други не му веруваат на Сноуден, а со тоа и на апликацијата. Сноуден уште од 2013 година живее во Русија, каде што доби азил, а државните власти одбиваат да го предадат на американските власти.

 

Scroll to Top