Со концерт на „Архангел“ започна 22. издание на Таксират

Со концерт на групата „Архангел“, под мотото „30 години љубов“ синоќа во салата „Борис Трајковски“ зачна 22-то издание на Таксират.

Концертот се одржа по соодветен протокол, со запазување на мерките за заштита од коронавирусот. Носењето маска и одржувањето растојание беа задолжителни во текот на целиот концерт.

Една недела подоцна, на 23 октомври, програмата ќе продолжи со соло концерт на „СТРАЈК“.

Во рамките на Таксират Фестивал #22, ќе се одржи и седмото издание на музичката конференција и шоукејс фестивал кај нас – ПИН. Годинава, ПИН ќе се одржи во три програмски денови, од 26 до 28 ноември, на повеќе локации низ Скопје.

Scroll to Top