Доколку немате доволно пари за поставување соларен покрив на својата куќа, а би сакале да ги намалите сметките за струја со помош на некој систем за добивање бесплатна енергија, можете да размислите за паметните ролетни SolarGaps.
Ролетните SolarGaps може да генерираат 50 ват-часа енергија на квадратен метар. Секое ребро на себе поседува тенки сончеви панели кои се споени на мотор кој ги насочува кон сончевите зраци, а енергијата што се собира се складира во батерии.
Производителите велат дека соларните ролетни не се сосема нова работа на пазарот, но
SolarGaps создава значително повеќе струја во однос на другите.