Солистите на НОБ ќе одржат концерт по повод Светскиот ден на операта

By

По повод Светскиот ден на операта, на 25 октомври, во 20 часот концерт ќе одржат солистите на Националната опера и балет. На концертот во НОБ ќе настапат Марјан Јованоски (баритон) и Владимир Саздовски (бас), а гостинка е Сандра Митровска (сопран).

На програмата се арии и дуети од оперите на Чајковски, Верди, Џордано, Дворжак и на Маскањи.

Билетите во ограничен број се пуштени во продажба. Настанот ќе се одржи според протоколите за заштита од Ковид-19, а влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против или за прележан ковид во последните 45 дена. Задолжително е и носење заштитна маска.

Ќе ви се допадне