Сопругата на украинскиот претседател заболена со Ковид-19

Сопругата на претседателот на Украина Владимир Зеленски, Јелена, се заразила со коронавирус, изјавиле од кабинетот на претседателот.

Јелена моментално се наоѓа на лечење во болница, но не е прецизирано каква е нејзината здравстена состојба.

Исто така во соопштението е наведено дека нивните деца за време на тестирањето не биле позитивни на Ковид-19.

Според последните податоци, во Украина се регистрирани 9.753 заболени од коронавирус, а вкупно починале 870 луѓе.

 

Scroll to Top