Специјален руски авион го прелета Арктикот и стигна во Америка

Русија, како и САД и Велика Британија, сè почесто изведува воени вежби во Арктичкиот Регион.

„Русија за првпат од времето на Советскиот Сојуз извела воен лет преку Северниот Пол, до Северна Америка“, изјавил рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, пренесува агенцијата РИА.

Во говорот пред високите воени команданти Шојгу изјавил дека летот е изведен со противподморнички авион. Не соопштил во кој период се случил истиот, но изјавата се поклопува со големите поморски воени вежби што ги изведуваат Соединетите Американски Држави и Велика Британија во Арктичкиот Регион во време на засилена напнатост меѓу Западот и Русија поради труењето на поранешниот руски шпион на тлото на Велика Британија.

Воените вежби под името Egzersajz 18 (ICEX) ги предводат Соединетите Американски Држави, а ги координира Арктичката подморничка лабораторија на американската морнарица.

Во вежбите учествуваат две американски и една британска нуклеарна подморница.

Британија тврди дека вежбите се одлична можност нивните подморници да научат и развијат вештини под арктичкиот лед.

Русија, која спроведува обемна програма на ново вооружување, воено е многу активна на Арктикот, каде што ја засилува својата воена присутност. Се верува дека Арктикот крие големи залихи на фосилни горива, повеќе од залихите на Саудиска Арабија и Русија.

 

 

 

Scroll to Top