Според Си-ен-ен, Џо Бајден победил во дебатата со Доналд Трамп

Според анкетите кои ги направи светската телевизиска мрежа „Си-ен-ен“, американскиот кандидат на демократите за претседател на САД, Џо Бајден, поминал подобро во дуелот со неговиот противкандидат, актуелниот американски претседател Доналд Трамп.

Двајцата во средата го имаа своето прво од трите соочувања пред претседателските избори кои на 3. ноември. Дебатата се одржа во Кливленд во Охајо, во 21 часот по локално време.

Модератор беше новинарот и водител на „Фокс њуз“, Крис Валас.

Темите на кои разговараа двајцата беа Врховниот суд, Ковид 19, расните односи и нереди и интегритетот на изборите.

Според анкетите на CBS поќето гледачи сметаат дека дебатата имала негативен тон, а само 17% сметаат дека почувствувале позитивни вибрации од соочувањето.

Анкетата покажала дека 48% од луѓето, сметаат дека демократскиот кандидат Џо Бајден бил подобар, а 41% сметаат дека во дебатата победил Доналд Трамп. Останатите сметаат дека биле изедначени.

CBS забелжува дека повеќето луѓе кои ја гледале дебатата го поддржале Бајден. Вкупно 69% од испитаниците, изјавиле дека биле изнервирани од расправата меѓу Трамп и Бајден, а само 17% од нив велат дека дискусијата ги информирала. Околу 20% од луѓето сметаат дека дебатата била песимистична.

Според истражувањето на „Си-ен-ен“, кое веднаш по дебатата го спровела агенцијата за истражување на пазарот SSRS, 60% од гледачите сметаат дека победник во дебатата бил Џо Бајден, дури 28% од нив сметаат дека подобар бил Доналд Трамп.

„Си-ен-ен“ смета дека овие резултати се речиси идентични како и оние во 2016 година, кога гледачите оценија дека Хилари Клинтон е победник со 60% од гласовите, додека Трамп добил нешто помалк 27%.

Но, податоците кои требало да го загрижат демократскиот кандидат е поредувањето од очеквуањата на гледачите. Според него, 56% од нив очекуваат дека Бајден ќе има подобар настап, отколку што имал, додека 43% од гледачите тоа го очекувале од Трамп.

Околу две третини од 568 испитаници, колку што учествувале во анкетата, тврделе дека одговорите на Бајден биле поискрени од оние на Трамп, додека 29% од нив сметаат дека Трамп бил тој кој ја говорел вистината.

Слични проценти и впечаток кај гледачите се јавиле и за темите како што биле расната нееднаквост, здравството и коронавирусот. И тука Бајден ги доби симпатиите кај две третини од гледачите, додека Трамп најдобро котираше во темите за номинација на врховниот судија, каде 43% од гледачите му дадоа доверба, а 54% на Џо Бајден.

Сепак, општиот заклучок од ова брзо истражување е дека дебатата не влијаела на преференцијата на гласачите. Дури 57% од нив велат дека дебатата не влијаела на нивниот избор, додека поголемиот дел од малцинството на кое дебатата влијаела, станале склони кон Бајден.

32% биле на страната на кандидатот на демократите, а 11% биле за Трамп.

 

Дебатата од час и половина, била хаотична. Кандидатите постојано се надзборувале. Воглавно Трамп му влегувал во збор на Бајден.

Во еден момент Бајден му вели на Трамп да замолчи. Трамп одби да да ги осуди белите врховисти, нешто што модераторот го побара од него и се обиде целата приказна за насилствата да ја сведе и одговорноста да ја префрли на движењето Антифа.

Тој го обвини Бајден дека неговата администрација на чело со Обама била полоша од неговата и говореше дека резултатите на неговата влада се одлични. Тој изјавил дека Бајден никогаш не можел да го направи тоа што неговата влада го направила по прашањето за коронавирусот.

Тој се обидел од Бајден да извлече одговори на прашањата за негоиот син, говорејќи за милионите кои тој ги добил, а изјави дека синот му бил и зависник од кокаин. Според анализата на „Си-ен-ен“, Трамп говорел цели две минути подолго од Бајден.

Тврдел дека платил милион долари данок, а не само 750 долари како што објавил „Њујорк тајмс“. Бајден изјавил дека Трамп е кловн кој постојано лаже и дека сите знаат дека е лажго.

Scroll to Top