Squid Game ќе добие втора сезона, потврди режисерот Хванг Донг-Хјук

Режисерот Хванг Донг-Хјук потврди дека популарната јужнокорејска серија „Squid Game“ ќе добие нова сезона.

Тој вели дека плановите се во тек и дека главниот лик ќе тргне во нови авантури.

„Ќе се снима и втора сезона. Во моментот правам планови, имам многу притисок, многу барања и многу голема желба за да направам втора сезона“, вели Донг-Хјук.

Покрај него, потврда за пристигнувањето на втората сезона објави и Associated Press.

Засега нема информации кога ќе се појави новата сезона на Нетфликс. Првата сезона за 17 дена имаше 111 милиони прегледи на популарната платформа за гледање филмови.

Scroll to Top