Сарасота ден по ураганот целосно е блокиран поради огромните дрвја што се срушија на патот.
Голем број луѓе се евакуирани, а другите се сместени во засолништа додека не помине бурата. Јасно е дека последиците ќе бидат тешки и дека на овој град ќе му биде потребно време за да си ги врати својот стар сјај и раскошот.
Ирма во претходните денови направи вистински пустош на Карипските Острови, при што најмалку пет лица ги изгубија животите, а шетата што ја оставиле зад себе е огромна.
Се очекува ураганот засега да остане над Флорида и потоа да продолжи кон американската сојузна држава Џорџија, Алабама и Тенеси.
Иако се претпоставува дека Ирма во меѓувреме ќе ослаби на ниво на тропска бура, Националниот центар за урагани издаде соопштение дека ураганот и понатаму е опасен за човечките животи.
Видете како Србите за само неколку сантиметри ја избегнаа трагедијата: