Случајот со Французинот кој освоил милион евра на истата лотарија, два пати за година дена, е толку неверојатен, што статистичарите велат дека станува збор за случај еден во 16 билиони!
Француските медиуми објавиле дека неименуван играч од источниот регион Савој имал победнички тикет на 11 ноември 2016 година и на 18 мај оваа година.
Лотаријата која овој среќник ја играл е дел од франшизата која се нуди во 12 европски земји, 2 пати неделно и има голема премија понекогаш и поголема од 100 милиони евра.
За разлика од некои други лотарии, во оваа игра на среќа, играчите не можат да ги бираат своите броеви, туку купуваат тикети на кои тие се генерирани по случаен избор.
Среќата на овој Французин е слична на онаа која ја имаше еден Австралијанец, кој минатиот месец два пати во иста недела, освоил премиа на локалната лотарија.