Стари обичаи на свадбите кои се почитуваат до денес

By
Свадбарските обичаи на балканскиот простор се преполни со религиски, митолошки и магични дејства.

Ако се венчате во септември во црква, животот ќе ви биде богат и добар, е народно верување поради кое овој месец одамна е познат како најповолен за венчавање. Но, не се само верувањата она што се задржало меѓу народот… кои се јабучарите, зошто капијата е накитена, зошто е добро да се згазне сопругот и да се фрли жито во неговиот дом или зошто машкото дете се врти трипати? Одговорите лежат во принципите по кои се создавале нашите семејства.

Со време некои обичаи се изгубиле, а потоа се враќале прилагодени на современите општества.

Српските свадби се еден куп  религиски, митолошки, магиски дејствија проткаени со фолклорни содржини.

За подобро да се разберат обичаите, на оваа тема зборува етнологот доктор Весна Марјановиќ и советничката во Етнографскиот музеј Весна Драшковиќ.

Јаболка – свршувачка

„Јаболка“ е збор кој во многу наши краишта го претставува чинот на свршувачка.

„Причината за тоа е што на свршувачката се доаѓало со јаболко во кое биле ставани пари и прстен, а родителите на момчето, како и неговите роднини се нарекувани јабучари. Доколку девојката го прифатела, се сметало дека свршувачката е објавена“, вели доктор Марјановиќ.

Бидермаер

Фрлањето букет цвеќе на Балканот е потег кој се раширил по Првата светска војна во градските средини, а вистински замав доби за време на втората половина на 20 век. Според зборовите на Весна Марјановиќ, фрлањето бидермаер е чин кој ја покажува желбата стапувањето во брак да се пренесе и на другите млади девојки кои се подготвени за мажење.

Младоженецот – како вешт работник

Младоженецот пред куќата на невестата пука со пушка во јаболко закачено на долга мотика. Како што вели Весна Драшковиќ, ова е дел од свадбените обичаи на динарските жители и преживеало во време кога улогата на мажот била исклучително воено-ловечка.

Според доктор Марјановиќ, овој чин во минатото бил знак дека невестата се одвојува од своето семејство, и во тој момент тие две семејства стапуваат во фамилијарно, бескрвно сродство.

Сито на кровот

При пристигнувањето во куќата на младоженецот свекрвата ѝ дава на невестата сито со жито. Невестата го фрла житото на сите страни пред куќниот праг, а ситото го фрла на кровот. Се верува дека ако ситото остане на кровот, бракот ќе биде плоден и успешен, а ако падне, невестата и младоженецот брзо ќе се разведат.

Сирени на улиците

„Значењето на секоја бучава е со цел да го избрка целото зло од оние на кои се верува дека им се заканува. Така младенците биле на удар затоа што го менувале статусот во општеството. Подоцна тоа била ознака на веселба и знак дека двете фамилии се ородиле“, објаснува доктор Марјановиќ.

Ракија место покани

Во многу краеви на Балканот сватовите се канат со буклии. Ако поканетите се напијат голтка, веднаш пијат и од својата ракија и го врзуваат подарокот со поканата.

Продавање на невестата

Продавањето е чинот кога деверот ја „купува“ невестата од нејзиниот брат како претставник на нејзиното семејство. Во минатото тоа било симболична награда за изгубената работна сила во нејзиното семејство, додека семејството на младоженецот добивало еден работоспособен  член повеќе.

Згази го

„Се верува дека оној кој по склопувањето на брачната заедница прв ќе го згазне својот партнер ќе го води главниот збор во куќата“, вели Весна Драшковиќ.

Мираз

Во традиционалните општества тоа бил имотот кој девојката го подготвувала од моментот кога ќе влезе во пубертет. Во селските средини миразот содржел крпи, облека, накит и друго. Доколку дојде до развод, невестата својот мираз го враќала со себе во родителската куќа.

Вртење на машкото дете од страна на невестата

 

Некогаш било обичај кога сватовите ќе пристигнат во домот на младоженецот свекорот да ѝ даде на невестата машко дете, кое таа трипати го врти, го подигнува и бакнува, а потоа го дарува. Се верувало дека така се обезбедува плодноста на младите и продолжувањето на лозата по машка линија.

Китење на сватовите

Сватовите од страна на девојката не се кителе со рузмарин поради тоа што не иделе на венчавање туку се состанувале во домот, сè до половината на 20 век, а потоа почнало китењето на сите сватови. Денеска сватовите се китат на повеќе начини,  не е обврзувачки да биде со рузмарин, но останало обичај  оној кој ќе биде накитен да даде пари за тоа.

 

 

 

 

Ќе ви се допадне

4Anime: Aikatsu Stars! anime episode 100 online free at https://4anime.biz god of highschool 4anime

AnimeBee Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Website https://animeflix.nl: Watch Samurai Gun Special (Dub) animeflix Episode Full god of highschool animeflix

Website https://animetv.cc: Watch Orange: Mirai animetv Episode Full dragon ball anime tv

Cycling74: https://cycling74.com/author/60c318dba87778412f9aea11

Dpi hochiminhcity: http://www.dpi.hochiminhcity.gov.vn/Lists/GopY/DispForm.aspx?ID=3766