Статуа на Коби Брајант и ќерката Џијана поставена на местото на несреќата две години од трагичната смрт

Статуата на Коби Брајант и ќерката Џијана беше поставена на местото не кое загинаа во  хеликоптерска несреќа во Калабасас, Калифорнија, две години од денот на трагичната смрт и на уште седум други патници што летаа заедно со нив.

 

Статуата е на скулпторот Ден Медина и го покажа Коби во дрес на Лејкерс како ја прегрнува Џијана, која исто така носи кошаркарска униформа и во раката држи баскет.

Статуата на нејзината основа ги има имињата и на другите седум жртви во хеликоптерската несреќа на 26 јануари 2020 година – Џон Алтобели, неговата сопруга Кери и нивната ќерка Алиса; Кристина Маузер; Сара Честер и нејзината ќерка Пејтон; и пилотот Ара Зобајан.

„Хероите доаѓаат и си одат, но легендите остануваат засекогаш “, оваа реченица стои изгравирана на статуата.

Според артистот Ден Медина, скулптурата ќе остане на местото на несреќата во текот на целиот ден, но нема постојано да биде таму. Скулпторот откри дека планира да ја поставува статуата на местото на трагедијата на секоја годишнина, како и на роденденот на кошаркарот.

Хеликоптерот со сите девет патници бил на пат кон кошаркарскиот турнир за девојки, на кој требало да игра Џијана (13). Се урна во ридовите западно од Лос Анџелес среде магливо време, а федералните безбедносни служби тврдат дека станува збор за грешка на пилотот.

Scroll to Top