Сопругата на генијалниот ум Стивен Хокинг кој на 76. годишна возраст почина мирно во својот дом, во едно интервју во 2014. година истакна дека за сите бил генијалец, но за семејството тиранин.
Неговата сопруга Џејн за него со ваквите испари излегла по филмот кој направен за Хокинг, а дополнила дека кога се запознале тој веќе ја имал дипломата од Оксфорд.
Пред него имало сјајна кариера, но Хокинг завршил во болница. Дијагностицирана му била неизлечива болест на невроните од која 95 проценти од луѓето умираат.
Тој сепак успеа да ги побие тезите на лекарите. Неговата слава и неговите големи научни откритија сепак лошо влијаеле на семејството.
Тој го напуштил домот во 1989. година и почнал живот со најистакнатата болничарка од тимот за него, и тоа во периодот на Божиќ. Веднаш потоа се појавиле гласини дека таа го занемарува и врши физичко насилство врз него.
Неговата прва сопруга објавила книга во која го опишала егоист и тиранин.
– Постоеја двајца, едниот Стивен кој е генијален, другиот тиранин за најблиските, напишала таа.