Стогодишен милијардер секој ден оди на работа

Најстариот милијардер во светот, 100-годишниот Чанг Јун Чунг од Сингапур, секој ден оди на работа, бидејќи дома му било многу здодевно.Тој му ја предаде улогата на извршен претседател на компанијата на својот син Тео Сионг
Сенг, но и понатаму надгледува што сее случува во компанијата.

„Секој ден ги запишувам моите активности во дневник“, рекол Ланг. Тој додал дека претставниците на сите оддели од фирмата доаѓаат да го видат и да поразговараат за работата.

„За мене тоа е начин за умот да ми биде активен и да останам во контакт со компанијата за изградба на бродови што ја основав 1967 година“, открил тој за медиумите.

Scroll to Top