Стотина луѓе напуштиле киносала во Кан

во голем број ја напуштиле киносалата во Кан поради неподносливите сцени на насилство.

Најмалку 100 гледачи излегле од салата затоа што не можеле да ги гледаат ужасните сцени, а еден дански режисер го опишал како најсуров филм во историјата.

Актерот Мет Дилан во филмот го глуми Џек, серискиот убиец што на душа носел повеќе од 60 луѓе, уживал во крвопролевањето и ги планирал сите ужасни начини на убивање.

Филмот бил преполн со екстремно насилни сцени, во кои жртвите, вклучувајќи ги и децата, биле убивани на најужасни начини.

Својата згрозеност на „Твитер“ ја изразиле неколку филмски критичари.

„Одвратен филм. Такво нешто не би требало да се снима. Глумците се за секоја осуда“, напишал критичарот Роџер Фридман.

Новинарката на „Ал Џезира“, Чарли Анџел, исто така била згрозена од филмот. Таа вели дека воопшто не било забавно да се гледа како се пука во деца. Новинарот на „Њујорк магазин“ напишал: „Штотуку го напуштив прикажувањето на ‘Куќата што ја изгради Џек’. Неприфатливо. Претенциозно. Да ти се повраќа. Вистинско мачење. Ужас“, пишува dailymail.co.uk.

Новинарот од весникот „Вариети“, Рамин Ситуд, издржал до самиот крај, а во низата твитови филмот го опишал како најлошиот оваа година.

Тој го карактеризирал филмот како едно од најнепријатните киноискуства што ги имал во животот.

Во сцената по кои луѓето почнале да излегуваат, Џек нишани во две мали деца и ги стрела во главата. Во друга сцена на одвратен начин повредува жена сечејќи ѝ ја дојката, а во друга сцена е прикажано како едно дете плаче додека му ги сече нозете со клешти.

Филмот исто така содржи архивски снимки од нацистички концентрациони логори.

Тие што останале до крајот на филмот станале и ракоплескале шест минути оддавајќи му признание на режисерот.

„Тие би аплаудирале на сѐ“, изјавил Ситуд затоа што станува збор за пријателски настан во кој глумците и режисерите си се слават едни со други иако филмот беше катастрофален.

Scroll to Top