Студентите и годинава најмногу ги сакаат аптеките „Зегин“

Компанијата „Зегин“ и „Хелти фуд“ се бренд со најпозитивен имиџ меѓу студентите во земјата и воедно единствен премиум-бренд од фармацевсткиот сектор во Македонија. На анкетата што третпат ја организира STUBRAND над 50 проценти од испитаниците се изјасниле дека имаат доверба и дека сакаат да пазаруваат во овие аптеки. Од целиот понуден избор на речиси сите аптеки во земјата, тие го избраа токму „Зегин“.

„Искористувајќи ги новите трендови во поглед на сè поголемата грижа за здравата храна, студентите се изјасниле дека го сакаат и му веруваат на синџирот продавници за органска и здрава храна ‘Хелти фуд’. Со тоа нашите продавници со право годинава првпат ја добија оваа престижна награда на Stubrand“.

Испитаниците имаа можност да ги одберат омилените брендови што се среќаваат на нашиот пазар, распоредени во 19 категории на производи и услуги.

Истражувањето на STUBRAND во Македонија е реализирано со репрезентативен примерок од 1.054 студенти од сите универзитети и факултети во земјата. STUBRAND е официјален бренд посветен на промоција на најпопуларните брендови меѓу студентската популација и врши избор во 17 земји во светот.

 

Scroll to Top