Студентка на предавање дознала дека добила 4,8 милиони долари на лото

Дваесетгодишна студентка од Универзитетот „Гленелг“ во Австралија освоила на лото дури 4,8 милиони долари. Како што пренесуваат медиумите, девојката за добивката дознала за време на едно предавање што го посетила кога случајно си ја проверувала електронската пошта.

Девојката во наредните 20 години ќе добива по 20.000 долари месечно.

„Не размислував за имејлот, само кратко влегов на профилот да видам нешто и тогаш сфатив дека сум победила. Бев шокирана, а не можев да реагирам затоа што бев на предавање. Ми беше тешко да се воздржам. Сакав да врескам и да скокнам од среќа. Го гледав часовникот и чекав да заврши предавањето. Тоа беше највозбудливиот момент во мојот живот“, изјавила таа.

Со добивката таа ветила дека ќе ѝ купи автомобил и куќа на мајка си, а за себе исто така има намера да си купи куќа или стан.

„Не можете да поверувате каква ми беше оваа година. Ова беше голема работа за моето семејство. Ова ги менува сите работи“, вели среќната добитничка.

„Ќе ги завршам студиите на универзитетот затоа што тоа е нешто што навистина сакам да го направам. Кога ќе се укинат рестриктивните мерки, би сакала да патувам. Сакам да отидам во Австралија, но би сакала да прошетам и во други земји“, вели таа.

 

Scroll to Top