Султанот на Брунеи спиел со 15-годишни девојки, меѓу кои и МИС на САД

Султанот на Брунеи Хасанал Болкијах, има хареми полни со 15-годишни девојки, а спиел и со Мис на САД, пишуваат светските медиуми. За оргиите на султанот, јавноста дознала уште во 1997-ма година.

Тогаш се ширеа озборувањата и шпекулациите аферата која султанот ја имал со поранешната Мис на Америка, Шерон Маркетич, која подоцна го тужела и него и неговиот брат, принцот Џефри. Шерон тврдела дека наместо да биде ангажирана за промотивни настапи, како што предвидувал договорот направен со агенцијата за таленти, таа била држена како сексуална робинка. Шерон морала да танцува секоја вечер во приватниот ноќен клуб на султанот, каде ја третирале како проститутка.

Шерон за магазинот „Пипл“ открила дека била дрогирана и злоставувана и кога конечно се вратила во САД, го тужела султанот за 10 милиони долари за нанесени душевни маки и кошмари, несоница и друг вид на трауми. Султанот и неговите браќа барале дипломатски имунитет, а случајот подоцна бил отфрлен, пишува New York Post.

Џилиан Лорин, која исто така била една од девојките кои биле во негова сопственост и која живееле во еден од неговите хареми, има напишано биографија за траумите кои ги доживеала. Таа вели дека била силувана од султанот и неговите браќа. Имала само 18 години кога била киднапирана од неговите луѓе.

Сведочела дека на девојките во харемот им биле одземени пасошите и им било кажано да не го покажуваат ѓонот на чевлите, бидејќи тоа се сметало за навреда во муслиманските земји.

„Сите девојки беа предупредувани да внимаваат што зборуваат и им се закануваа дека постојано се контролирани“, вели Лорин.

Сите девојки морале да внимаваат на тежината, а ако се здебелеле бил ангажиран лекар кој им давал таблети за слабеење и спиење. Кога ќе пристигнел некој од членовите на кралското семејство, девојките морале да му се поклонат. Никогаш не им било дозволено први да почнат разговор.

Секогаш главата морале да ја држат наведната, а Џефри барал од нив да го викаат Робин. Братот на султанот бил познат по тоа што сакал американски автомобили, облека и ја обожавал поп-културата. Тој ги бирал девојките од насловните страни на светските магазини и таблоиди, вели Лорин.

„Султанот и неговите браќа се покоруваа на исламскиот закон, но многупати правеа работи кои се во спротивност на Куранот. Султанот неколку пати се има женето и разведено, што е навистина лицемерно“, вели Лорин.

Лорин објаснува дека девојките биле сместени во палатата на Џефри и морале да танцуваат за принцот и неговите соработници. Се случувало некогаш султанот или неговите браќа да бидат со повеќе девојки една ноќ.

Лорин објаснува дека таа била киднапирана од блиските соработници на Џефри. Тие ја пикнале насилно прво во „Мерцедес“, а потоа ја заклучиле во зграда, каде вели дека останала повеќе часови.

„Целата се тресев. Ми беше студено и бев гладна. По четири часа, Џефри дојде и ме силуваше“, открива Лорин.

Таа вели дека имала поголеми привилегии за разлика од другите девојки, кога била во друштво на Џефри. Вели дека тој му бил љубоморен на султанот, затоа што не сакал да ја дели со него. И давал многу пари за шопинг. Во неколку наврати Лорин се вратила во САД, се додека не забременила.

Султанот Хасанал има 72 години и на престолот е повеќе од половина век. Неговото богатство се проценува на околу 28 милијарди долари и тој е вториот најбогат монарх на светот по владетелот на Тајланд.

Тој има многу моќни пријатели низ целиот свет, вклучувајќи ја и британската кралица Елизабета II и нејзиниот сопруг Филип. Познат е по тоа што поседува околу 7.000 скапи автомобили и неколку авиони чија внатрешност е обложена со злато.

Султанот не се штеди кога станува збор за парите.  Често се случува да потроши 35.000 долари само за да патува со приватен авион кај својот омилен стилист за да ги среди брадата и косата. Тоа го прави еднаш неделно, а имало и моменти кога ќе испрател хеликоптер само за да ги земе чевлите за поло, кои претходни ги имал заборавено.

Огромното богатство на Хасанал со секоја секунда се зголемува за околу 150 долари. Тоа се должи на огромната количина на производство на нафта, кое експертите велат дека не може да биде загрозено, ниту од разните протести ширум светот. Султанот владее деспотски, па затоа многу компании не сакаат да работат со него.

Познат е по тоа што обожава свадби, а најскапите го чинеле и по десетици милиони долари. Во 1965-та се оженил со Раја Истери Пенгирана Анак Хаџе Салех, која му родила шест деца. Едниот од нив е принцот Ал-Мухтад.

Лорин објаснува дека во земјата постојат законски полигамни бракови, па султанот се има оженето и по втор пат со Хаџа Мариам, која работела како стјуардеса во една авиокомпанија. Таа се омажила со него во 1982-ра година. Една година подоцна кралицата Салех, му го родила и шестото дете. Тој се развел од Хаџа во 2003-та година.

Со неа добил четири деца. Потоа ја зема за жена ТВ водителката Азриназа Мазхар, која му раѓа нови две деца. Со неа се разведува во 2010-та година. Султанот има вкупно 12 деца. Секоја венчавка на неговите деца траела повеќе од една недела и секоја го чинела султанот најмалку по 10 милиони долари.

Најмногу потрошил на свадбата на неговиот најстар син, неговиот престолонаследник, кој за жена ја земал тинејџерката Сара Салех. Таа имала само 17 години кога се омажила, а на свадбата носела венчаница со скапоцени камења и вел од чисто злато.

Султанот не се штедел ниту за венчавката на својата најстара ќерка, принцезата Рашида. Тој специјално за оваа прослава испратил авион за пејачката Витни Хјустон, која прифатила да пее на забавата за цена од 10 милиони долари. За прославата на неговиот 50-ти роденден во 1996-та година, султанот потрошил 40 милиони долари.

Прославата траела две недели, а на истата се одиграл и поло натпревар. Била организирана и свечена вечера со 3.000 гости на која се служел белуга кавијар и најскап шампањ. Гостувал и Мајкл Џексон кој пеел три пати, прво за 6.000 гости, а потоа и уште во два наврати за специјалните гости на султанот.

За трите настапи Џексон добил 25,8 милиони долари. На крајот на прославата, секој гостин си заминал со голем златник. Храмот на султанот се наоѓа во најелитниот дел од градот, куќата Сент Џон во „Риџентс“ паркот.

Султанот живее во палатата Нурал Иман, најголема светска кралска резиденција. Се градела две години и чини повеќе од две милијарди долари. Во неа има 1.788 соби и 257 бањи. Украсена е со златни и дијамантски дијаманти, има пет базени, банкетна сала за повеќе од 5.000 гости и џамија за околу 1.500 верници.

Во неа султанот чува 200 пони, а во шталите има и инсталирано клима уреди. Поседува и резиденција во Велика Британија во Лондон. Оваа недвижност ја купил за 73,9 милиони долари во 1994-та година. Нејзината сегашна вредност се проценува на околу 203 милиони долари, што ја прави најскапа приватна куќа во Велика Британија.

Султанот има имоти и на некои од најелитните локации на австралискиот брег. Има луксузни имоти и во Лас Вегас и Лос Анџелес, а не се штедел при купувањето имоти и за неговото семејство. Неговиот брат, плејбојот и принц Џефри, во 1997 година, од султанот добил раскошен мегакомплекс во Лас Вегас во висина од 83 милиони долари.

Брунеи е земја со 415.000 жители, а владата на граѓаните им има обезбедено бесплатно образование, здравствена заштита, пензии и заеми со ниски камати за купување на куќи и автомобили.

Нафтата е извор на целикупното богатство, а кога светската нафтена компанија „Шел“ почнала да вади нафта во 70-те години од минатиот век, оваа земја го добила името „држава школка“.

Светскиот економски магазин „Форбс“ ја смести оваа земја на листата на петте најбогати земји во светот. Во оваа држава алкохолот е забранет и тука ноќен живот и културните настани се забранети.

Scroll to Top