Султанот славеше 50 години власт како најбогат човек на светот

By

Moќниот борнејски султан прослави 50 години од доаѓањето на власт во богатата нафтена држава на југоистокот на Азија возејќи се во позлатена кочија на традиционалната свеченост во својата огромна палата.

Десетина илјади луѓе што излегоа на улиците во престолнината Бандар Сери Бегавана мавтаа со знамиња и со мобилните телефони ја снимаа поворката на султанот Хасанал Болкијах, еден од најбогатите луѓе на светот, кој со сопругата седеше во кралската кочија што ја влечеа повеќе од десетина негови поданици.

Оркестрите на народната музика учествуваа во свечената поворка, која го означи врвот на двонеделното славење во чест на вториот најстар крал на должност на светот по англиската кралица Елизабета Втора.

По абдикацијата на татко му во 1967 година, Хасанал Болкијах суверено владее во оваа тропска земја на Малајскиот Полуостров, на северот на островот Борнео, каде што има огромни резерви нафта и гас.

Султанот е сопственик, меѓу другото, и на хотелскиот синџир на „Дорчестер колекшн“, во чиј состав спаѓаат и париската „Плаза Атена“ и угледните хотели во Лондон, Милано, Рим, Бел Ер и Беверли Хилс во Лос Анџелес.

Ќе ви се допадне