Свадби во затворено дозволени од 1 јули, со максимум 250 гости

Свадби во затворени простории ќе бидат дозволени од 1 јули (четврток) со максимум 250 гости, но не повеќе од 40 отсто од капацитетот на просторот, одлучи денеска Владата.

Свадбите, крштевките и родендените беа забранети од 23 јуни минатата година, поради големиот број заболени од ковид-19.

Од 1 јуни е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата.

Во земјава во моментов има 221 активен случај на ковид-19.

Scroll to Top