Свекорот ја пријавил во полиција затоа што спиела со малолетници

Американката Аманда Кетрин Стил, од Ајдахо ќе помине три месеци зад решетки и седум години на условна слобода, затоа што е обвинета дека имала секс со малолетници, пишува „Дејли Мејл“.

Стил ја признала вината уште во јуни, откако постигнала договор со обвинителот. Истрагата против неа била започната на крајот на јуни, откако нејзиниот свекор ја пријавил на властите.

Тој ги слушнал гласините кои кружеле во јавноста, дека неговата снаа се дружи и спие со група на млади момчиња. Според судските документи, жртвите, вклучувајќи и 17 годишно момче, бегале од школо за да имаат секс со неа. Таа во тој период била омажена.

„Една од жртвите изјави дека знае како неколку од неговите пријатели имале секс со Стил“, пишува во извештајот на полицијата.

Во јули 2019 година, сега нејзиниот поранешен сопруг, ја фатил со едно од децата во када во нивната куќа. Кога се обидел да интервенира, Стил наводно се вознемирила и му рекла дека е смешен. Таа на крајот му признала на сопругот и полицијата дека имала секс со момчињата.

Таа признала дека имала секс со 17 годишното момче, еднаш во неговата, а еднаш и во нејзината куќа. Една од жртвите наводно ја снимила Аманда, а подоцна на полицијата и кажала дека ја уништила снимката.

Како дел од казната, Аманда ќе мора да одработи и 300 часа добротворна работа и да плати казна од речиси 5000 долари.

 

 

 

 

 

Scroll to Top