На 113-годишна возраст почина најстариот маж во светот.
Според Гинисовата книга на рекорди, Израелецот Израел Кристал важеше за најстар маж во светот. Тој почина на 113 години во Хаифа, Израел. Зад себе остави две деца, 9 внуци и 32 правнуци.
Кристал почина еден месец пред да наполни 114 години. Тој бил роден во 1903 година во селото Зарнов, кое се наоѓа 146 километри југо западно од Варшава.
Неговата прва сопруга и двете деца не ги преживеале Втората светска војна и холокаустот, а кога бил спасен од руските војници Кристал тежел 37 килограми во Аушвиц.
По кратко време повторно се оженил по војната и со сопругата и синот се преселил во Израел, каде отворил слаткарница.