Светот во паника од падот на Кинеската вселенска станица

Кинескиот сателит „Тијангонг 1“, кој поради дефект почна неконтролирано да паѓа на Земјата, може веќе уште утре да влезе во атмосферата на нашата планета, но и мала е веројатноста да некој негов дел падне на земја.

Европската вселенска агенција проценува дека тоа може да се случи во недела, во текот на денот, додека претходно проценките на кинската вселенска агенција биле дека тоа ќе се случи во периодот меѓу сабота и среда.

Сателитот е долг 10.4 мтри и тежок 8,5 тони, е вселенска лабораторија која беше лансирана во 2011 година, како експриментална платформа за поголем проект во рамките на амбициозниот план на Пекинг да до 2023 година, има постојана вселенска станица во Земјината орбита.

Се очекува станицата согори за време на влезот во Земјината атмосфера, и да не претставува закана по луѓето и нивниот имот.

Западните експерти тврдат дека Кина ја изгубила контролата над својот сателит, но во Пекинг тоа го негираат.

Местото на евентуалниот пад е тешко да се одреди, поради тоа што покрива поголем дел од планетата, помеѓу 43 степен северна и 43 степен јужна географска ширина. На северната полутопка, сигурно ќе бидат поштедени дел од Европа, Русија и Канада.

Се очекува само 10 проценти од сателитот го преживее влезот во атмосферата, воглавно потешките делови.

Веројатноста да некој во тој момент настрада, е проценена на еден спрема илјада милијарди.

Кинеското министерство за надворешни работи навело дека мала е веројатноста да некое поголемо парче од станицата падне на земјата и додаде дека Пекинг е во близок контакт со Обединетите нации во врска со тоа.

Scroll to Top