Таа била единствената жена која на Тито му рекла не

Херта Хас е родена во Марибор во 1914 година. Се приклучила во револуционерното работничко движење уште во раните години, како студент на Економската висока школа во Загреб.

Херта е позната како единственат жена од оние кои Тито ги имал во животот, а која го напуштила поради тоа што не сакала да го трпи неговото однесување.

Маршалот Тито отсекогаш бил опкружен со убави жени. Сакал млади, атрактивни и такви со став. Многу често не му било многу важно дали некоја од нив е омажена. Имал четири офиццијални жени, со кои од две од нив бил во брак, но само една од нив била храбра да му каже не.

Поради околностите Маршалот морал да ја напушти на одреден период, а кога повторно се сретнале, Тито веќе имал нова партиска курирка за жена Даворјанката Пауновиќ Зденка.

Кога ја запознал со Херта таа само и порачала на Зденка дека во куќата има место само за една жена, а на Тито му соопштила дека нема да паѓа на колена и да биде понижена два пати. Тоа било нивното конечно раскинување.

Нивната вонбрачна врска траела од 1937 година до 1941 година и до почетокот на Втората светска војна во Југославија.

 

Scroll to Top