Тајните простории во авионите: екипажот за време на долгите летови

Титулата за најдолг лет со авион во светот во моментот ја носи „Сингапур ерлајнс“ со лет меѓу Сингапур и Њујорк, кој трае помеѓу 18 часа и 45 минути.

Дали некогаш сте се запрашале каде е екипажот и дали одмора за време на долгите летови? Постои нешто што се нарекува оддели за одмор на екипажот, кои се скриени од љубопитните погледи. Во зависност од авионот, овие минијатурни простории без прозорци обично се наоѓаат во пилотската кабина, односно над или околу првата класа. До нив се стигнува со тајно скалило зад вратата за кое е потребен посебен код за да се отвори.

Во овие простории можете да најдете до 10 кревети и помал простор за приватни работи, кои се поделени на простор за пилотот и копилотот и за кабинскиот персонал.

 

Екипажот има многу малку слободен простор за одмор, но и покрај тоа, еден член на екипажот на летот со „боинг 777“ ги споредил просториите за одмор со ковчег бидејќи тоа е многу тесен простор што може да предизвика вознемиреност. Ова особено може да се случи ако се најдете во просторијата за време на интензивни турбуленции.

 

Scroll to Top