„Таксират 23“ ќе го отвори концертот на Трики во октомври

„Пасворд продукција“ го најави „Таксират 23“ со настапот на пионерот на трип-хоп музиката Трики. Концертот ќе се одржи на 7 октомври во Младински културен центар во Скопје.

Британскиот музичар ќе настапи во Македонија во рамките на неговата европска турнеја. Тоа ќе биде негово второ гостување во Македонија, откако и во декември 2014 беше дел од „Таксират“ на Скопски саем.

Овојпат Трики ќе го претстави својот нов, 14. студиски албум, Fall to Pieces, објавен лани, а снимен по трагичната смрт на неговата ќерка Мина Мејзи, која изврши самоубиство во 2019 година.

Продажбата на картите почнува на 5 мај.

Scroll to Top