Татко ѝ на Меланија Трамп тајно ја крстил во црква

Првата дама на САД, Меланија Трамп, пораснала во местото Севница во Словенија.

Државата ја напуштила кога имала 18 години. Подоцна поради кариерата на модел, се преселила во САД, каде што се омажила за Доналд Трамп во 2005 година.

Двојката набргу го добила и синот Барон. На сите им е познато дека Меланија пораснала во комунистичка земја, па сега се води полемика за нејзината вероисповед.

Сепак, иако Комунистичката партија била на власт во Словенија во време на периодот на нејзиното детство, нејзиното семејство ја почитувало својата вера и тајно ја крстило.

Но, татко ѝ Виктор Кнаус не можел јавно да го открие нејзиното крштевање. Тоа било нормална пракса во Словенија во тоа време.

Се верува дека Меланија тајно е крстена во црквата „Свети Лоренс“ во местото Рака во 1970 година, пренесува британски „Експрес“.

И денес таа ѝ припаѓа на римокатоличката вера. Тоа за „Дејли мејл“ го потврди и нејзиниот портпарол Стефан Гришам. Оваа потврда дошла набргу откако Меланија се сретнала со папата Франциско претходно оваа година.

Таа и нејзиниот сопруг Доналд Трамп заедно го посетиле Ватикан за време на една турнеја на претседателот на САД.

Меланија по посетата напишала твит за тоа дека ѝ било чест што го запознала папата. Тогаш се говорело дека таа е првата дама католик што живее во Белата куќа по Џеки Кенеди.

 

 

 

Scroll to Top