Татко на 9 деца дознал дека отсекогаш бил неплоден

Маж од Мароко на рутински преглед дознал дека е стерилен. Веднаш ја тужел сопругата и побарал развод. Од бракот има 9 деца, ама најави дека ќе се откаже од нив.

Докторите утврдиле дека е стерилен поради циста на тестисите. Цистата не била опасна, но мажот бил стерилен. Тој 35 години бил во брак со сопругата која му родила девет деца. Весникот Al-Massae пишува дека човекот направил и дополнителни тестови, кои покажале дека поради цистата, тој не можел да има деца во претходните 50 години.

Потоа, тој повикал адвокат, побарал развод и одлучил да се откаже од децата. Доколку се докаже измамата, неговата жена ја чека затвор.

Scroll to Top