Течност која го спречува ширењето на Ковид 19

By

Виролозите од Рур Универзитетот во Бохум, во соработка со нивните колеги од Бремен и Нинберг, се на прагот да докажат дека Ковид 19 би можел да се спречи да се шири со помош на употреба на течност за уста. Резултатите од нивното истражување биле пренесени во Sciencedaily.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека високата концентрација на вирусот кој што вообичаено се наоѓа во грлото и забите на заразените луѓе, може да се намали со употреба на течност за миење на устата и со тоа воедно да се намали ризикот инфицираната личност да го пренесе вирусот на некој друг.

Во истражувањето биле користени осум различни течности кои што научниците ги помешале со честички од вирусот. Користеле осум различни течности и со помош на сите ефикасно го намалиле бројот на присутности честички на вирусот. Три од нив работа ја завршиле за само 30 секунди.

Меѓутоа, тие напоменале дека потребно е да се направат дополнителни проверки и тестови за ова сознание дефинитивно да се потврди.

Извор/Усб

Ќе ви се допадне