Тигар му одгризал половина лице

By

Во текот на годината тој бил на неколку операции, но обидите за реконструкција на левата страна од неговото лице не поминале успешно.

Локалниот рибар од Бангладеш, кој пред 23 години бил нападнат од тигар, набргу треба да оди на операција која би му го променила животот по 23 години криење на своето лице зад маска.

Хашмот Али (45) спиел на својот брод кога тигар го нападнал и го осакатил. Повеќе од 20 години тој го криел своето лице бидејќи не сакал да го осудуваат. Неодамна го покажал своето лице и зборувал пред камерите.

Таткото на три дечиња сега мора да оди на операција, која очајнички му е потребна.

Морам да го поправам деформираното лице. Сакам да живеам гордо, не сакам повеќе да се кријам. Доволно долго се криев, сега сакам да живеам и да бидам среќен со моите деца, рекол Али.

– Сонувам за тоа да се дружам со луѓето со леснотија и притоа да се чувствувам пријатно. Уморен сум од криење – вели тој.

 

Ќе ви се допадне

AnimeHeaven animeheaven bleach: Watch Dragon Ball (Dub) Episode 142

GoGoAnime go go anime: Watch Attack on Titan Season 3 Episode 7