Тилерсон преку ноќ избришан од сајтот на Стејт департментот

Името на Рекс Тилерсон целосно исчезнало од сајтот на Стејт департментот откако викендов на сила стапила одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп за неговата смена, која ја соопшти преку Твитер.

Линкот кој води до „државниот секретар Тилерсон“, на страницата на Стејт департментот исчезнала преку ноќ, а на  неговото место е поставен општиот поим „државен секретар“.

Кликот на тоа води до страницата која ги известува посетителите дека заменик државниот секретар Џон Саливан станал „вршител на должноста на државниот секретар“ на 1 април 2018 година.

Линковите кои водат до страницата со говорите на Тилерсон, патувањата и другите настани сега се заменети со оние на Салвиван.

Кликот на линкот до биографијата на Тилерсон, како 69 државен секретар ја отвора страницата на која пишува „Жал ни е, страницата не може да биде пронајдена“.

Трамп го отпуштил Тилерсон со објавата на Твитер на 13 март, но таа одлука станала официјална на 31 март.

Scroll to Top