Германски тинејџер успеал да ја изгуби возачката дозвола по само 49 минути откако успеал да го положи возачкиот испит. 18 годишното момче додека се враќал од успешното полагање, бил запрен од страна на полицајците во градот Хемер, поради надминување на дозволената брзина на возење.
„Некои работи траат засекогаш, други не повеќе од еден час“, напишала германската полиција во својот извештај. Момчето имал четири пријатели кои во тоа време биле со него во колата. Полицијата се сомнева дека надминатата брзина на возење веројатно е последица на тоа што момчето сакало да ги импресионира своите другари.
German teenager loses driving licence after 49 minutes https://t.co/AB5FU9CqsO
— BBC News (UK) (@BBCNews) November 21, 2018
Формално тој добил забрана за возење на месец дена, но полицијата му соопштила дека возачката дозвола ќе ја добие назад, откако повторно ќе ги мине преквалификациите, кои во Германија се исклучително скапи.
Исто така момчето ќе мора да плати казна од 200 евра, а истовремено добил два казнени поени и има статус на почетник на 4 години, наместо вообичаените две години.