Тинејџерка го тужи школото затоа што ја терале да ја офарба косата во црно

Една осумнаесетгодишна ученичка во Јапонија ќе ја тужи локалната управа поради тоа што од школото ја терале природно да и ја офарба косата црна.

Тинејџерката изјавила дека и е речено дека ќе мора да го напушти школото во близина на Осака, доколку не ја исполни одредбата, која им наложува на сите ученици да имаат црна коса.

Ученичката додаде дека фарбањето и ја оштетила косата и кожата на главата и дека ќе бара од локалната управа да и плати оштета во износ од 19.300 американски долари.

Во школото и рекле дека политиката на школото е таква што им забранува на учениците да ја фарбаат или посветлуваат косата, и покрај тоа што мајката на тинејџерката повеќе пати и рекла дека нејзината ќерка е родена со смеѓа коса.

Од локалната управа бараат да судот ги отфрли сите обвинувања, пренесува Би-Би-Си.

Локалните медиумите пренесуваат дека тинејџерката од минатиот септември не оди на настава.

Scroll to Top