Најголемата американска компанија за онлајн продажба „Амазон“ продава тоалетна хартија со испечатени твитови на американскиот претседател Доналд Трамп. Цената на тоалет хартијата е 12 долари, а првичните залихи веднаш се распродадени.
Производителот ги собрал пораките на Трамп од Твитер, кои предизвикале најголем јавен интерес уште од периодот 2012-2014 година.
На „Амазон“ се продава и ролна тоалетна хартија со монохромни фотографии на Трамп, како и на неговата против-кандидатка на изборите минатата година, Хилари Клинтон.