TOYOTA RELAX- НОВА, РЕВОЛУЦИОНЕРНА 10-ГОДИШНА ГАРАНЦИЈА ЗА TOYOTA и LEXUS

By

ИНОВАТИВНА ГАРАНЦИЈА БЕЗ СЛИЧНА ПОНУДА НА ПАЗАРОТ НА ВОЗИЛА ВО МАКЕДОНИЈА.

TOYOTA RELAX Е ДОСТАПНА ЗА СИТЕ НОВИ И КОРИСТЕНИ ВОЗИЛА ДО 10 ГОДИНИ СТАРОСТ.

ПРОГРАМАТА Е ДОСТАПНА И ЗА ВОЗИЛАТА ОД ГАМАТА НА LEXUS ПОД ИМЕТО LEXUS RELAX.

Прва од ваков вид во автомобилската индустрија во Македонија и неспоредлива по опфат
и времетраење со кој било друг производител, програмата за гаранција Toyota Relax им
овозможува на сопствениците на возила од брендот Toyota гаранциско покритие до 10
години за целото возило.

Револуционерната гаранција со 10 годишно покритие ќе им овозможи поголемо спокојство на сите сопственици на возила од брендот.

Програмата за гаранција се однесува на сите нови возила, испорачани по 1 јуни 2021 година
од овластениот застапик на Toyota во земјата. Предноста на Toyota Relax е тоа што
програмата со одредена доплата е достапна и за сите користени возила со старост до 10
години или 185.000 km, при што кон секој годишен периодичен сервис на возилото во
овластен Toyota сервисен центар, клиентите добиваат продолжена гаранција, со важност
до следното периодично техничко одржување, согласно планот за одржување на
соодветниот модел (најчесто на 12 месеци или 15 000 km, кое настапува прво).

За моделите со подолг сервисен интервал, на пример 2 години, активираната продолжена гаранција трае 2 години од датумот на периодичниот сервис. Услов за активирање на Toyota Relax е на возилото да му останува помалку од една година до истекот на фабричката гаранција или да е со километража поголема од 85.000 km.

Така, без разлика дали поседувате целосно ново Toyota возило, или користено до 10 години или 185.000 km, можете да бидете спокојни, благодарение на најфлексибилната продолжена гаранција на пазарот.

Гаранцијата Toyota Relax се однесува за сите модели од марката, без оглед на нивниот
мотор, погонски систем или каросериска изведба, се додека ги исполнуваат условите на
програмата. Тука се вклучени сите патнички и лесни комерцијални возила на Toyota.
Гаранцијата важи и за целиот асортиман на премиум брендот Lexus, но под името Lexus
Relax. Така, без разлика дали имате бензин, дизел или хибридно возило од моделите
Toyota и Lexus, можете да ги искористите сите погодности на продолжената гаранција.
Програмата Toyota Relax важи само на територијата на Македонија, Бугарија и Албанија, а
при патување во други земји гаранцијата може да се користи при престој кој не е подолг од
90 последователни денови, во која било од земјите наведени во Условите на Toyota Relax.
Условите за користење на гарантното покритие, во случај на несреќа и потреба, исто така
се достапни на наведениот линк.

Иновативната гаранција им овозможува на клиентите на Toyota да патуваат спокојно и да уживаат во многу безгрижни километри со своите возила.

Продолжената гаранција Toyota Relax може да се примени и за користени возила, во случај
на промена на сопственоста, доколку ги исполнуваат условите да не се постари од 10
години или да немаат изминато повеќе од 185.000 km. Доколку новото возило веќе има
активирана гаранција Toyota Relax, таа ќе остане важечка до истекот на нејзината
валидност, согласно датумот за периодичен сервис.

Опфатот и времетраењето на покритието на програмата Toyota Relax е природно
продолжение на филозофијата на Toyota за тријадата „сигурност, безбедност и квалитет”
за сите возила од марката, со кои производителот е познат на глобално ниво. Создадена за
да биде лесна за разбирање и примена, програмата е насочена целосно кон потребите на
клиентите се со цел да им овозможи целосно спокојство и задоволство од поседувањето
на возило од гамата на „Toyota“ и „Lexus“.

Програмата за гаранција исто така ја зголемува вредноста на користените возила, што носи директни придобивки како за сегашните сопственици, така и за идните кои ќе возат возило одржувано во овластената дилерска мрежа на Toyota и Lexus во земјата.

Помеѓу другите предности за сопствениците кои се влучени во програмата Toyota Relax, е
тоа што возилата ќе бидат сервисирани од тим на меѓународно сертифицирани техничари
во сервисите на Toyota и Lexus, со користење на оригинални резервни делови и компоненти
од марките при извршување на сервисирањето.

Со транспарентен ценовник на услуги и резервни делови, како и работа со оригинални аксесоари, Toyota Relax ја надминува идејата за програма за гаранција, обезбедувајќи им дополнителна вредност на своите клиенти преку многу поволности, за тие да уживаат во возењето и поседувањето на своите возила со целосно спокојство.

Целосните Услови за користење на гаранцијата Toyota Relax се достапни на веб-страницата
на Toyota Авто Центар на следниот линк: https://www.toyota.com.mk/article/garancija

Ќе ви се допадне

Website https://gogoanime.be: Watch Onmyoji - Hundred spirits kindergarten Season 2 gogoanime Episode 12 haikyuu season 3 gogoanime

Website https://twistmoe.net: Watch School Days twistmoe Episode 12 free anime

AnimeTV: Digimon Fusion anime episode 30 online free at https://animetv.cc anime stream

Website https://animekisa.in: Watch Naruto: Shippuden the Movie (Dub) animekisa Episode Full watch anime online

Doyoubuzz: https://www.doyoubuzz.com/animefreak-animefreakws

Osf: https://osf.io/j4mdg/