Трагајќи по татка си половина век, ја открила вистината за својата другарка

Жената што пораснала во домот за згрижени деца 50 години трагала по својот биолошки татко за да на крајот да дознае дека нејзината најдобра пријателка од детството, всушност, ѝ е полусестра.

Кара Џејн Фарар Питерсон (52) од Скарбор, во северен Јоркшир, вели дека конечно се чувствува како да припаѓа некаде и тоа поради фактот што открила дека е во крвно сродство со Карен Смит (51), нејзината неразделна другарка од детството.

Кара речиси половина век се трудела да го открие идентитетот на својот татко затоа што мајка ѝ Линда, која се мажела 6 пати, била сместена во ментална болница уште додека таа била бебе.

Мајкл Фарар одбил да го прифати старателството над Кара и сестра ѝ Мел и тие сега се сместени во дом за згрижени деца. Но, работите се промениле кога Кара преку една ТВ-емисија дознала дека Мајкл имал уште две деца, а дека едното од нив е нејзината школска другарка Карен.

„Беше навистина тешко и многу од тоа пропуштив со Карен. Секогаш се чувствува како изгубена душа, а сега конечно се чувствувам како да припаѓам некаде“, изјавила Кара.

„И двете отсекогаш бевме поврзани, како да знаевме дека сме сестри“, додала таа.

Scroll to Top