Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе ја испрати својата ќерка Иванка Трамп да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот мексикански претседател Мануел Лопес Обрадор. Инугарацијата ќе се одржи в сабота.
Трамп за време на посетата на Мисисипи пред новинарите изјави дека присуството на ќерка си го најавил уште во октомври.
Министерството за надворешни работи на Мексико упатило синоќа дипломатска нота до американската влада во која бара целосна истрага за она што го нарекуваат употреба на несмртоносно оружје на мекисканската територија.
Кога некои од мигрантите се обиделе да влезат во САД, американските власти во неделата биле принудени да им пуштат солзавец на мигрантите во Мексико во близина на граничниот премин што го раздвојуваат мексиканскиот град Тихуанa од Сан Диего во американската сојузна држава Калифорнија.