(трет дел) Лута пиперка против рак, простата и леукемија

Kapsacin – чудотворен молекул од црвената пиперка

Кога во ноември 2007 година Бинсхот, Бин и Вулфс, професори од Медицинскиот факултет на Универзитетот Харвард, успеале да ја докажат ефикасноста на kapsaicin во анестетикот, својот резултат го објавиле во престижното списание Nature. Со примената на овие молекули кои доаѓаат од природен извор, од најобичните црвени зачински пиперки, се дошло до мала револуција во медицината.

Што всушност покажал овој научен тим од Бостон? Тие го примениле kapsaicin заедно со доза анестетик QX-314 на еден дериват локален анестетик lidokain и забележале дека болката во тој момент престанува. Тоа што е новост е фактот што со поништувањето на чувството на болка истовремено настапува и вкочанетост на мускулот. Во медиумите тоа кренало голем прав, а kaspaicin почнал да се смета за нов молекул кој со помош на унапреден локален анестетик се употребува за време на породувањата, во стоматологијата и во текот на помалите операции кога не е потребно целосно да се успие пациентот.

Kaspaicin е откриен на почетокот на 19 век, а истиот е изолиран во 1964 година. Во моментите на консумација тој предизвикува силен ефект на стимулација на јазикот и грлото. Во црвеното чили со пиперки го има и до 0,2%. Јачината со која kapsaicin го вцрвенува нашиот јазик и предизвикува чувство на луто, односно се чувствува мало пецкање,  е резултат на тоа што молекулите се разредуваат речиси милион пати. Се смета дека kapsaicin дејствува на ослободување на ендогените опиуми во мозокот, и на тој начин го подобрува расположението кај луѓето кои јадат лути пиперки или јадења во кои се користи овој зачин.

Како се опишува ваквиот механизам? Кога јадеме црвена пиперка kapsaicin ги воспалува нервните завршетоци кои се наоѓаат на нашиот јазик. Во мозокот се создава ефект кој во превод се доживува како чувство на болка.

За телото да го ослободиме од болката, мозокот почнува да лачи ендогени опиуми, кои спаѓаат во семејството на морфин, таканаречени ендорфини, a тие се одговорни за доброто расположение и предизвикувањето чувство на лагодност. Можеби токму поради kapsaicin од чили пиперките Мексиканците многу често се со насмеани лица и се многу ведри. Чилито со лута пиперка е нивното традиционално јадење и национален зачин.

Постои уште една корист од црвената пиперка. Kapsaicin потекнува од лачењето на дигестивните сокови и ја регулира рамнотежата меѓу чувството на глад и ситост. Тоа својство повеќекратно користи кај луѓето кои се склони на предјадења во текот на оброкот. На нив, како предјадење им се препорачува салата во која се содржани зачините од пиперка. По ваквото предјадење, во целост се успева да се сузбие желбата за предјадење и да се зголеми желбата за обилен главен оброк и десерт. Добро е да се знае овој мал трик, особено кога ќе бидете прегладнети и ќе седнете пред полна маса. Значи прво пиперка, а потоа сè друго. Уживајте во црвената лута пиперка!

 

Линк од првиот дел:

Линк од вториот дел:

 

Scroll to Top