Социјалните мрежи во Франција известија дека инспектори на метро во Париз ѝ наплатиле казна од 60 евра на една трудница поради тоа што се движела во спротивен правец од предвидениот.
Таа ги прекршила правилата според еднонасочниот систем на движења на станицата Конкорд во Париз.
Жената само сакала да го скрати патот и на тој начин да заштеди на време, а фотографијата што ја објавил нејзиниот сопруг е придружена со коментар „Браво за рекетот“.
„Јас бев единствена личност во ходникот која ја запреа. Ова е неприфатливо. Плаќаме секој месец по 75 евра за услуга која дури и не работи секогаш“, напишала една Французинка.
Портпаролот на метрото во Париз изјави дека „еднонасочниот систем“ е јасно обележан и воспоставен така да го следи протокот на патници и да се избегнат инциденти.
60€ d’amende sans préavis pour une femme enceinte qui prend un couloir à contre-sens. Bravo pour ce racket facile. Par contre il y a toujours autant de mendiants réguliers, de fraudeurs sans tickets, de pickpockets… cc: @le_Parisien @lemondefr #TransportsIDF @Ligne1_RATP pic.twitter.com/OUCfDqHIbe
— Nicolas MATTIOCCO (@MaKyOtOx) February 27, 2018
Сепак, додаде дека издавањето казни за ваков прекршок е невообичаен, но секако зависи од проценката на самиот инспектор дали ќе ја напише или не.
Казната била критикувана и од здружението на патници, повикувајќи се притоа на промената на правилата.