Цела естрада во Битола со камерен оркестар и пејачи од регионот на „Балкан гала-фестивал“

By

Тридневен фестивал со три гала-концертни вечери во разни музички стилови и со многу гости артисти од целиот Балкан е најавен на 7, 9 и 11 јули на ракометно игралиште во Битола.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за „Балкан гала-фестивал“, кој е најавен како уникатен тридневен фестивал единствен на овие простори.

Три гала-концертни вечери со многу гости артисти од целиот Балкан, придружувани од Камерниот оркестар на Битола, составен од над 30 музичари.

Добропознатите и најпопуларни проекти на Камерниот оркестар на Битола во комбинација со најдобрите изведувачи од целиот Балкан. Програмата за трите вечери е нова и досега неизведувана. Аранжманите ги изработија Владимир Димовски и Иван Еминовиќ.

На 7 јули – рок-симфонијата со Аки Рахимовски и Дадо Топиќ. Настап ќе имаат и Дани Димитровска, Михајло Трјковски – Сак, Бранислав Николов („Фолтин“), Жарко Јакимоски, Наташа Миха, Сашо Паркет, Ирена Димовска и Елена Стојчевска и сите заедно придружувани од Камерниот оркестар на Битола.

На 9 јули – поп-симфонија со познатите Хари Мата Хари и Сергеј Ќетовиќ. Вечер исполнета со најпопуларните хитови на овие изведувачи во комбинацја со Елена Ристеска, Ѓоко Танески, Дарио, Димитар Андоновски и Мијата и сите придружувани од Камерниот оркестар на Битола.

 

На 11 јули – електросимфонија. Специјален гостин на последната вечер од фестивалот е прогласениот за најдобар диџеј Terry Francis (Велика Британија). Диџеј Saso Recyd I Sonja Ismail. За загревање на вечерта Маги Џанаварова (Бугарија), Love Itoya (Грција), како и Наде Талевска,  Виктор Апостоловски, Дина Јовановска, Рената Кралевска, Мартина, Сара Гигова, Огнен Димовски и Стефанија Милевска, сите придружувани од Камерниот оркестар на Битола.

Камерниот оркестар на Битола постои неколку децении. Во последните 8 години популарноста на проектите значително се зголемува и популаризира во рамките на нашата земја, но и надвор, на целиот Балкан. Со над 80 концерти во сопствена продукција и соработки со многу домашни и странски артисти, музичари, солисти и диригенти, покрај класичната музика, Камерниот oркестар на Битола опфаќа повеќе музички стилови во кои е активен. Настапите на најголемите фестивали на Балканот во речиси сите околни земји го прават популарен и добро познат и надвор од рамките на нашата земја, особено со популарните проекти, како „Рок-симфонија“, „Електросимфонија“ и „Џејмс Бонд симфонија“.

Ќе ви се допадне