Цела Јужна Европа стана портокалова

Поради песочната бура што од Сахара пристигна во Европа, планинските врвови во Украина, Русија, Бугарија и Романија изгледа како да се планини на Марс.

Овој метеоролошки феномен се јавува на неколку години, а поради песокот, правта, поленот и снегот во Источна Европа, небото е обоено портокалово.

Метеоролозите неколку дена предупредија на доаѓањето на голема количина песок од Сахара на јужните делови во Европа и Азија, а снимени се портокалови лавини снег.

Тие објаснуваат дека овој феномен е предизвикуван од комбинација на снег, дожд и песок донесен од Сахара, каде што има пустински бури.

На „Твитер“ се појавила снимка од оваа лавина со текст „Ова е нов поглед на лавината на планината Елбрус во југозападна Русија. Се случила вчера, а снегот добил портокалова нијанса од правта од Сахара“.

Сликите од снег со необична боја на социјалните мрежи ги постирале граѓани од Русија, Бугарија, Украина, Романија и Молдавија.

Оваа појава се случува приближно секоја петта година, но концентрацијата на песок сега значително е поголема од вообичаено, пишува Би-би-си.

Оваа необична слика од скијачите е забележана во Сочи, Русија, каде што во 2014 година се одржани Олимписките игри.

Британскиот метеоролог Стивен Кејтс изјавил дека портокаловите честици се гледаат дури и на фотографиите на НАСА, и тоа во атмосферата над целиот Медитеран.

Scroll to Top