Целиот град е со луѓе кои крварат од очите и ушите

Државните и здравствени официјални лица на Илиноис објавиле вчера предупредување за новите симптоми кои се предизвикани од конзумирањето на синтетичка марихуана откако, 32 лица во последните неколку недели биле хоспитализирани поради сериозно крвавење од очите и ушите.

Повеќето заболени се од областа Чикаго, но официјалните лица предупредуваат дека контаминираните производи можат да се пронајдат и во други градови на Илиноис.

„Иако синтетичката марихуана веќе долго време се смета за опасна, обилното крварење е новиот спореден ефект. Ова крварење не се очекувало, барем не кај така голем број на луѓе и толку брзо“, вели доктор Мелиса Милевиќ, лекарка од итната помош во болницата Адвокејт Гуг Самеритан.

И покрај забраната, произведувачите по малку го менуваат производот на начин на кој можат да го заобиколат законот и да го продаваат легално.

Синтетичката марихуана се продава и на улиците, а оние кои се хоспитализирани поради крварењето од ушите и очите велат дека ја купиле во продавница, од дилери или пријатели.

Лекарите ги следат нивните состојби, а досега немало извештај за смртоносен случај.

Милевиќ смета дека зад новите, опасни симптоми стои промената на формулата.

 

Синтетичката марихуана често е наречена и „лажна трева“, „К2“, или „зачин“, а досега конзументите ги донела до состојба која го загрозува животот, како инсуфицијенција на бубрезите и психоза, наведува „Чикаго трибјун“.

„Луѓето не сваќаат колку е тоа опасно“, истакна Мелиса Милевиќ.

 

Scroll to Top