Попладнево и кон крајот на денов ќе има врнежи од дожд. Локално, особено во западните и во северозападните предели, и тоа во текот на ноќта и утре претпладне врнежите ќе бидат обилни, а ќе има услови и за појава на грмежи.
Во текот на утрешниот ден врнежите полека ќе се преместуваат кон исток и ќе ги има повеќе во источните предели. Особено во јужните и во источните предели ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.
Поаѓање на температурите, како на минималните, така и на максималните ќе имаме за време на викендот и на почеток од следната недела.