Црква во форма на чевелот на Пепелашка

Во Тајван е изградена стаклена црква во форма на чевелот на Пепелашка, а сè со цел да привлече поголем број женски верници. Градбата е висока 16 метри и содржи 320 панели сино стакло. За неа се потрошени преку 600.000 долари.

Отворањето на црквата е закажано за 8 февруари, на кинеската Нова година, но таа веќе привлекува големо внимание на туристите. Според градетелите, црквата е посветена на локалната девојка Ванг, на која лекарите во 1960 година поради болест морале да ѝ ги ампутираат двете стапала. По ова таа го прекинала контактот со надворешниот свет и остатокот од животот го поминала во црква.

Scroll to Top