Црквата казнила бискуп затоа што се оженил со писателка на еротски романи

By

Најмладиот бискуп на Шпанија, Хавиер Новел останал без сите црквени овластувања, откако се оженил со психолошката, авторка на еротски романи.

dobivaj vesti na viber

„Како што е јавно познато, бискупот Хавиер Новел Гома, епископот емеритус Солсоне, направил граѓански брак со Силвија Кабалол на 22 ноември 2021 година во градот Сурија во провинцијата на Барселона. Секој свештеник кој ќе се обиде да се венча, дури и само граѓански, мора да биде суспендиран“, навеле црковните власти.

Новел ќе ја задржи својата титула на епископ, но, нема да му биде дозволено да извршува ниту една од улогите поврзани со таа позиција, а забрането му е и било какво подучување, јавно или приватно.

Новел станал најмладиот бискуп на Шпанија кога бил именуван во Солсон во 2010 година на 41 годишна возраст. Бил високо почитуван конзервативец кој наводно ја поддржувал терапијата на конверзија на хомосексуалците и практикувал егозрцизам.

Исто така предизвикал контроверзи со поддршката за независноста на Каталонија. Тој ја напуштил функцијата во август од лични причини, а скандалот изби неколку недели подоцна, кога во јавноста се откри врската со авторката на книгата „Пеколот на страста на Гаврил“.

„Се заљубив и сакам да ги направам работите како што треба“, рече тогаш Новел.

На сајтот на издавачи на Кабалова, „Лакре“, 38 годишната писателка и клинички психолог, е опишана како динамична и трансгресивна авторка која оставила трага во светот на книжевноста вознемирувајќи ги нашите морални и етички обичаи.

На Новел сега му е забрането да ги извршува сите права и одговорности кои се својствени за епископската функција, соопштија од епископската конференција, која не ги исклучува ни другите можни последици.

Како што пренесува „Гардијан“, Новел сега бара работа на агроном во регионот на Барселона.

 

 

 

Ќе ви се допадне