Туристичка агенција организира тура до домот на Атиџе, на социјалните мрежи врие од негативни коментари

Од вчера на „Групер“ се појави пакет-аранжман кој нуди посета на Бекирлија, местото каде што живее Атиџе Муратова, која стана позната по документарнот филм „Медена земја“.

Зад овој пакет-аранжман стои Enjoy Balkans, кои за 30 евра направиле туростичка тура до нејзиниот дом. Во пакет-аранжманот стои дека посетителите ќе ги однесат до домот на Атиџе каде ќе ги послужат со кафе и мед.

По објавата на оваа понуда можеа да се прочитат многу негативни коментари, дека преку оваа тура некој се обидува да ја искористи Атиџе за да заработи. Од Enjoy Balkans изјавија дека добиле дозвола од семејството и градоночалникот.

„Целта ни е да ја промовираме Атиџе за да може и следната година да дојдат поголем број странски туристи. Добивме дозвола од братот и внукот. Ќе има и дегустација на мед“, велат од Enjoy Balkans.

Многу познати личности коментираат дека оваа идеја е срамна.

 

 

Scroll to Top