Турција го повлекла целото злато од САД

Централната банка на Турција во текот на 2017 година ги повлече сите златни резерви од американските Федерални резерви.

Одлуката за повлекување на златните шипки е донесена поради влошувањето на односите меѓу Анкара и Вашингтон за повеќе регионални и билатерални теми, пишува „Хуриет“.

Системското повлекување на златото од американските Федерални резерви почнало во 2017 година. Во САД се чувале околу 28,7 тони драгоцен метал.

Потврдата на информациите се наоѓа и во официјалниот извештај на Централната банка од април. Во делот за резервите на републиките во САД за 2016 година се наведува цифра од 28.689 килограми злато, а во 2017 година тоа поле е пречкртано. Вкупниот обем на златни резерви во земјата, како што се наведува во извештајот, се проценува на 565,6 тони, односно 20 милијарди долари во парична противвредност.

Како што објаснува весникот, златото што е повлечено од САД делумно е вратено во Турција, а остатокот е распореден во Европа, во Централната банка на Велика Британија и Банката за меѓународни пресметки во Швајцарија.

 

Scroll to Top