Уапсен еден од најбогатите луѓе во Русија

Руските власти го уапсиле милијардерот Зијавудин Магомедов поради обвинување за проневера на повеќе од 35 милиони долари во текот на изградбата на стадионот во Калинјинград.

Магомедов во првото појавување пред судијата ги негирал обвинувањата, но судот во Москва му одредил двомесечен притвор, пренесуваат агенциите.

Еден од најбогатите луѓе во Русија, сопственик на Сума групата се занимава со градежништво и логистика, а инвестирал и во американски технолошки компании.

Притворот е одреден и за неговиот брат Магомед Магомедов и Артур Максидов, директорот на една од компаниите во рамки на Сума групата која учествувала во изградба на објектот за Светското фудбалско првенство во руската енклава Калинјинград.

 

Scroll to Top