Уапсен германски џихадист што учествувал во нападите на 11 септември

Германски џихадист со сириско потекло, обвинет дека учествувал во планираниот напад врз САД на 11 септември 2001 година, го фатиле силите на сириските Курди, изјавил еден курдски командант.

„Курдските сили на безбедност на северот на Сирија го заробиле Мохамед Хајдар Замар. Неговото испитување е во тек“, изјавил вчера висок офицер, но не ги изнел сите детали. Тој човек е стар меѓу 50 години и 60 години, а обвинет е дека регрутирал извршители за нападот во Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година.

Тој во декември 2001 година е уапсен во Мароко во операцијата во која учествувале и агенти на ЦИА, а две недели подоцна им е предаден на сириските власти.

Во Германија по него била распишана потерница поради помагање на терористичката група, но некои пратеници ја обвиниле владата дека не направила ништо за да го заштитат германскиот граѓанин, кој преживеал тортура и нефер судење.

Сирискиот суд во 2007 година го осудил на 12 години затвор поради припадноста во Муслиманските браќа, обвинение на кое му претходи смртна казна.

Но, на почетокот на војната во Сирија во 2011 година многу исламисти се нашле на слобода и се приклучиле на џихадистичките групи.

Ал каеда тогаш формирала свој сириски разгранок, познат како Ал Нусра.

 

 

 

 

Scroll to Top