Уапсен поранешниот дечко на Џорџ Мајкл

Фризерот Фадил Фаваз (47), кој во јавноста е познат по љубовнатa врска пејач Џорџ Мајкл, e уапсен во Лондон, откако со чекан удирал по автомобили. Него го пријавил жител на Лондон, кој го снимал како шета по улиците со чекан во раката, пишува „Сан“.

Човекот го обвинил Фадил дека со чекан удирал по автомобилите, иако фризерот тврдел дека тоа е неговиот автомобил. Тој искршил неколку автомобили, повеќето од нив скапи. По ова, Фадил бил уапсен и одведен во полициска станица.

Не е првпат поранешниот љубовник на Џорџ Мајкл да има проблеми со полицијата. Тој беше уапсен и лани, откако насилно влегол во куќата во којашто живеел со починатиот пејач, па го кршел мебелот и ја уништил покуќнината.

Неодамна британските медиуми пишуваа и дека Фадил е бездомник и дека живее на улиците на Лондон.

Scroll to Top